Премиерот Никола Груевски најави објавување на нов оглас за вработување персонал за Итна медицинска помош низ градовите во земјава. При тоа Груевски потенцира дека се очекува да бидат вработени 76 лекари, 25 медицински сестри и 80 возачи.
Огласот нема да се однесува и на охридскиот Здравствен дом. Како што вели директорот Митко Дабески, установата во моментов располага со доволен број кадар.
– Уште пред најавите на премиерот за нови вработувања, со цел непречено одвивање на работата, кај нас се појави потреба од вработување на двајца лекари поради што беше објавен оглас за вработување кој заврши пред два месеца. Во тек се процедурите за вработување на двајцата лекари со што ќе се придонесе кон доекипирање на тимот лекари и медицински персонал кој работи во охридскиот Здравствен дом, вели Дабески.
Во моментов Здравствен дом Охрид располага со 13 лекари, 16 медицински сестри и 15 шофери.
Т.К.