Охридските акцијаши се „подмладија” со 75-годишниот Јошка Броз, внук на Тито
10.06.21 13:57
Таму каде што е младоста, таму се и резултатите и успесите. Или, како што велеше мојот дедо: Земја со активна младина, не треба да се плаши за својата иднина.
Со овие зборови, синоќа, на импозантниот собир на младите акцијаши од Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид, им се обрати тазе примениот член во нивните редови, 75-годишниот Јошка – Јосип Броз.
Јошка е внук на Јосип Броз Тито, легендарниот воин и антифашист од Втората светска војна, градителот и доживотен претседател на југословенската федерација. Јошка е е син на Жарко, од првиот брак на Тито со Русинката Пелагија Бјелосова, која родила три деца – Хинка, Златица и Жарко, кој единствено преживеал.
Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид синоќа се всели во пространа просторија во новоизградениот комплекс Градски пазар, прославувајќи, истовремено, 9 години од формирањето на оваа исклучително активна организација, која со децении наназад остава длабок печат и белег во живеењето во Охрид, но и пошироко.
Гостин на свеченоста беше и „маршалот” Војче Китаноски, пријател и следбеник на охридските акцијаши. Тој, облечен во маршалска униформа и со „очилата на Тито”, е лика и прилика на вистинскиот маршал Тито.
Присутните се потсетија на големиот југословенски лидер, кој, заедно со Черчил, Рузвелт и Сталин, го понесе најголемиот товар во поразот на хитлеровата фашистичка солдатестка на овие простори. Во Црна Гора, од главнината на две заробени италијански дивизии, тој ги формираше дивизиите Гарибалди, додека на поразената Бугарија ѝ овозможи да го испере срамот за злоделата на нејзината фашистичка армија, дозволувајќи да учествува во завршните операции, пренесува Плус Инфо.
ГРК Охрид забележа голема победа во дербито од 6 коло на ракометната Суперлига, совладувајќи го Алкалоид вечерва во „Билјанини Извори“ со 26:24 (15:11) Со новите два бода охриѓани се искачија на че...
ГФК Охрид Лихнидос и Брера Струмица одиграа 2:2 попладнево на „Билјанини Извори“, во натпреварот од 7 коло во Втората македонска фудбалска лига Охрид практично целиот натпревар го одигра со фудбале...
Продолжува чествувањето на 11 Октомври-Денот на народното востание во Охрид Во рамки на програмата подготвена од Општина Охрид вечерва од 20 часот во Културен центар „Култ“ – Охрид ќе биде отворена...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.