Генералниот конзул на Република Македонија во Мелбурн, Бети Коруновска, во придружба на претседателот на Охридското социјално друштво „Св.Наум Охридски“, Васко Ангеловски и неговата сопруга, Лидија Ангеловска, оствари средба со Претседателот на Парламентот на Викторија, Брус Аткинсон. На средбата присуствуваше и сопругата на Претседателот, Либи Аткинсон, на која и беше подарен уникатно изработен накит од неповторливиот и надалеку познат Охридски бисер со филигран, од семејството Филеви од Охрид.
Аткинсон е добар познавач на состојбите во Македонија и Европа, местото кое Македонија го заслужува во меѓународни рамки.
Ова беше уште една одлична можност за афирмација на македонското автентично културно наследство пред Австралија, како и збогатување на веќе пријателските односи меѓу двете земји.
Ohridnews















