Шест деца кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање животни вештини БОБ- Црвен крст Охрид ќе учествуваат на 8-от Интернационален Бреинобреин натпревар кој ќе се одржи на 26 ноември во Дубаи, Обединети Арапски Емирати. Предводени од тренерите на БОБ центарот од Охрид и своите родители, децата денес заминуваат за Дубаи, информираат од Црвен крст Охрид.

Учеството на охридските Бреинобреин генијалци на овој светски натпревар, заедно со своите врсници од 44 земји од светот, претставува чест за нашиот центар, но и голем предизвик и одлична можност за достојна презентација на нашите млади потенцијали од Бреинобреин-Црвен крст Охрид центарот, на овој реномиран светски настан, велат во соопштението.

Црвен крст Охрид-Бреинобреин е првиот центар во Македонија кој во 2010 година започна со имплементација на меѓународната едукативна програма Бреинобреи и посебно сме горди на сите досегашни успеси, потенцираат од Црвен крст Охрид.

Тука би ги споменале успесите и извонредни резултати на децата од нашиот центар на Државните натпревари во 2013 и 2014, 2016, 2017 и 2018 г. во Скопје, на Интернационалниот натпревар во Загреб, Хрватска во 2015 година и во Белград 2018 г. со освојување на највисоките награди и признанија. Посебно го истакнуваме успехот на нашите Бреинобреин генијалчиња на светскиот Бреинобреин натпревар во Дубаи во 2015, 2018 и 2021 година, додаваат.

Во Македонија работат 12 франшизни центри во кои бреинобреин програмата ја следат преку 500 деца.

OhridNews