Младиот Сотир Филески кој сега се наоѓа во притвор поради тешката несреќа што се случи на бродот „Илинден“ со кој управуваше  тој, е исклучителна личност и способен заповедник. Вакво е мислењето на охридските бродари за нивниот помлалд колега.

– Сотир од мал е на езеро. Одговорен е, не пие и исклучително е посветен на работата, вели Васко Јанески, капетан на бродот „Кристина“.


Васко Јанески

Искусниот капетан објаснува дека бродовите од охридката флота се сигурни и дека тие редовно се проверуваат од посадите, но и од капетанијата и полицијата.
 
– Имаме процедури, пред поаѓање и после пристигнување го проверуваме бродот, запишпуваме во бродскиот дневник, а доколку има некоаков проблем не испловуваме туку го санираме, посочува Јанески.

Одговорноста на младиот заповедник на бродот „Илинден“ ја истражува посебна меѓународна комисија за утврдување на причините за несреќата на бродот „Илинден“, кој потона на 5-ти септември во водите на Охридското Езеро при што загинаа 15 бугарски туристи.