Нечистењето на снегот од пред трговските, угостителските и деловните објекти со Законот за јавна чистота се санкционира. Сопствениците на угостителските и трговските дуќани во охридската чаршија, по опомената од инспекциските служби се впуштија во акција и го отстранија снегот, до средината на коловозот како што пропишува законот.
Првиот ден откако не израдува, снегот се задржа пред влезовите на објектите, но како што ни изјави раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танасоски, уште вчера општинскиот инспекторат ги опоменал сопствениците да го исчистат снегот, зашто во спротивно ќе бидат санкционирани.
Законот за јавна чистота налага, во зимски услови при снежни врнежи општините да го исчистат снегот од јавните површини најдоцна во рок од шест часа од почетокот на снежните врнежи.
Во зимски услови при снежни врнежи, сите сопственици односно корисници се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред јавните објекти.
Охридски комуналец и доцна вечерва го креваше снегот од чаршијата и плоштадот.
Што се однесува до прекршочните одредби на Законот за јавна чистота, во ченот 29 се пропишува глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на правното лице не го исчисти снегот во зисмки услови на јавните површини. Глоба во износ од 500 до 1.000 евра ќе заработи одговорното лице во правното лице.
Според Законот, од 500 до 1. 000 евра глоба им следува на корисниците на објектите ако не го исчистат снегот од отворените простори пред објектот.
Сообраќајот на главниот патен правец од Тирана кон граничниот премин Ќафасан е во прекин поради сериозно оштетување и слегнување на мост на делницата кај Прењас, во источна Албанија Според информац...
На 21022026 година во 1245 часот, на улицата „Кленоец,“ во Охрид, лишено од слобода е 44-годишно лице од охридското село Долно Лакочереј При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници со...
Со традиционалниот детски маскенбал „Емшири 2026” кој се одржа на спортското игралиште „Тодор Александров” беше одбележан празникот Прочка во Велгошти Младите емширчиња со креативни маски инспирира...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.