Охридските Египќани од владата бараат да се воведат стипендии  за ученици и студенти, припадници на оваа етничка заедница.

Да се воведат стипендии поради фактот што многу од младите Египќани се од социјално загрозени семејства, а освен тоа се и лојални даночни обврзници. Со тоа ќе се мотивираат учениците и студентите Египќани да  се стекнат со високо образование, да бидат конкурентни на пазарот на труд, како и да продолжат со постдипломски студии, што секако е во интерес на Македонија, вели Демир Далип, од Коалиција на Египќани.

Преку стекнувањето на образование, додава Далип, овие млади луѓе ќе можат да се реализираат, да придонесат за државата и да ја решат својата егзистенција.

OhridNews