Охрид и Македонија, како и целиот свет, минуваат низ големо премрежје исполнето со неизвесност и страв предизвикан од пандемијата на коронавирусот Ковид 19. Oколу 1,6 милиони луѓе во светот се заразени од смртоносниот вирус од кој до сега починаа речиси 100 илјади лу]е. Глобалната економија трпи огромни штети, стопанството кај нас исто така. Голем број луѓе ги губат работните места. Туризмот, угостителството, јавниот превоз и услужните дејности се меѓу најпогодените.
Но, во овие тешки времиња има и позитивни примери кои влеваат надеж дека утре ќе биде подобро. За среќа такви има и во Охрид иако локалната економија е меѓу најпогодените. Такси компанијата „Бел Мерцедес“ јавно соопшти дека се солидаризира со своите вработени, како и со граѓаните и во кризата предизвикана од коронавирусот ќе продолжи да работи во три смени професионално и одговорно. Бројот 13-800 останува отворен, велат од „Бел мерцедес“.
Остануваме доследни на нашите вработени и нашите патници. Ќе поминат и овие тешки времиња, а заедно со вас ќе го надминеме овој предизвик наметнат од вирусот Ковид 19. Сега е време да се солидаризираме и да покажеме емпатија кон нашите вработени исто како да не е вонредна ситуација. Ниту еден од нив нема да биде отпуштен. Ќе се исплаќаат плати на нашите вработени кои посветено се со нас 20 години. – велат од Такси компанијата „Бел Мерцедес“.

Донесовме одлука никој од вработените да не биде одјавен и редовно ќе бидат исплаќани плати и придонеси. Нашите вработени 5 години се тука за нас, сега ние сме тука за нив. – велат од „Ла Тераса“.

Г.М.
Виктор Мизо: Костал не отпушти ниту еден од 650-те вработени, тие се наш влог за иднината












