На регионалниот натпревар по англиски јазик, што се одржа деновиве во ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга, а во организација на ЕЛТАМ, учениците од гимназијата „Св.Климент Охридски“ покажаа одлични резултати. Под менторство на проф.Сузана Ристеска, тие го исвоија сите награди: Павел Спростран – прво, Ангел Јованоски – второ и Кирил Ковачески – трето место.

Со остварениот успех, учениците од охридската гимназија обезбедија учество за државниот натпревар, кој ќе се одржи во текот на мај во Скопје. 

OhridNews