По обемните врнежи на снег во претходните два дена, ЈП Охридски Комуналец  за релативно кратко време,  користејќи ја во целост својата работна сила и механизација, успеа навреме да ги расчисти јавните површини, да обезбеди непречено и безбедено движење на сообраќајот и пешаците. 

Коловозите и тротоарите се чистеа деноноќно, а вчера и денеска од раните утрински часови расчистениот снег се подига и се отстранува од градското подрачје. Мобилни беа и екипите на “Паркови и зеленило” кои покрај расчистувањето на тротоарите, го расчистуваа и снегот од дрвјата, за да се избегне оштетување и кршење на гранките.


Ohridnews