Охридските матуранти со изведба на познатиот танц  квадрил на градскиот плоштад, во петок, ќе се приклучат кон меѓународната манифестација „Матурска парада“, која годинава се одржува по шести пат.


Квадрил ќе се игра и на плоштадите во  Скопје, Струга,  Ресен, Гевгелија и Струмица, каде се очекува да продефилираат околу 2500 матуранти.

Тие заедно со своите врсници од Европа ќе се обидат да го подобрат Гинисовиот рекорд, кој го поставија нешто над 30.000 ученици.

OhridNews