Кадмо бар

Од 13.01.2022 - 18:00 до 13.01.2022 - 20:00

Одбројуваме часови до почетокот на 15 Европско првенство во ракомет, што денеска започнува во Унгарија и Словачка. Меѓу 24-те репрезентации учеснички е и Македонија на која ова и е седмо учество на европските шампионати.

По традиција мечевите на македонската ракометна репрезентација со огромен интерес ќе се следат и во Охрид. Барот Кадмо во центарот на Охрид, познатото собиралиште на охридските навивачи, ги отвара вратите за сите вљубеници во ракометот. Рибари, фалангата и сите на кои Македонија им лежи на срце сплотени ќе ги следат мечевите на „црвено-жолтите“ и ќе навиваат за Кире, Столе, Жути, Жарко…

Првиот меч Македонија на ЕП го игра против Словенија, денеска во 18 часот, а загревањето во Кадмо бар почнува еден час порано.

Сите за Македонија!

OhridNews