Специјален нуркачки тим од Охрид вчера направи нови подводни снимки од бродот „Илинден“ кој во саботата потона во Охридското Езеро, при што загинаа 15 бугарски туристи.

Новите подводни снимки биле направени на барање на Комисијата за утврдување на причините за несреќата во која членуваат експерти од Македонија, Бугарија и Хрватска. Комисијата одлучила да биде извршено
дополнително подводно снимање на 12 точки од потонатиот брод, кои се
сметаат за важни за истрагата. Повторното снимање е побарано бидејќи
веќе направените снимки биле премногу одблиску односно не
соодветствувале на барањата на истрагата.


Охридските нуркачи направија нови подводни снимки


И понатаму одговорните од охридската Капетанија се недостапни за јавноста, а информации не даваат ниту македонските експерти вклучени во работата на мешовитата комисија. За разлика од македонските, експертите од Бугарија редовно ги информираат своите новинари за работата на комисијата и текот за истрагата, па така македонските медиуми наместо од домашните, добиваат информации од странски институции. Ова е последен во низата големи пропусти на Капетанијата која три дена по несреќата се јави со штуро соопштение во кое информира за одложување на вадењето на потонатиот брод, поради временски причини.


Ohridnews