Охриѓани на оригинален начин му изразија поддршка за најекспонираниот охриѓанец во моментов, министерот за здравство Венко Филипче, во напорите за спречување на пандемијата од коронавирус.

Членовите на нуркачкиот центар „Акватек“ во стариот дел на градот поставија табла со совети како да се заштитиме од коронавирусот Ковид 19, кој однесе илјадници животи ширум Европа.

Нуркачите од „Акватек“ со апел го граѓаните да внимаваат каде го фрлаат медицинскиот отпад, а до градските власти да го зголемат бројот на корпи за отпадоци во градот.

Во земјава до денеска се евидентирани 48 заразени од котонавирус, а дополнителни 35 лица се тетстираат.

Г.М.