На Државниот натпревар по германски јазик што деновиве се одржа во Скопје, најдобри беа учениците од охридските основни училишта.
Ученичката во 7 одделение во ОУ „Братство и Единство“ Марија Наумоска под менторство на наставничката Семира Сефиданоска го освои првото место.
Победникот на Државниот натпревар по германски јазик
Марија Наумоска со наставничката Семира Сефиданоска
На натпреварот ученичката во ОУ „Григор Прличев“ Нина Стевоска (7 одд.) под менторство на Моника Герасимоска го освои второто место. Нејзината ученичка Емилија Николовска (7 одд.) исто така од ОУ „Григор Прличев“ беше трета.
OhridNews












