Ротари Македонија, како дел од дистриктот 1912 оваа година за прв пат по 23 годишно активно делување го одржа првиот Ротари ден, во рамки на кој беше организира акција за собирање и селекција на отпад, во сите градови каде има Ротари клубови, меѓу кои и Охрид, каде се чистеа повеќе локации.

Акцијата што се одржа под мотото: Ракавици, Кеса, Селекција, сите во Екоација, се реалзираше во партнерство со Пакомак.

-Целта на оваа екоакција не е само чистење на одредни локации, туку и преку дружење со сите граѓани и случајни минувачи да се подигне свеста како и перцепцијата за чистата околина и значењето да се има чист град. – велат од охридскиот Ротари клуб.

Во еко акцијата на Ротари Охрид собрана беше поголема количина најразличен отпад кој соодветно беше одложен.

OhridNews