Охридските ученици со години наназад постигнуваат извонредни резултатити на државните натпревари по математика. На 30 ученици кои освоија награди на државните натпревари по знаење вчера на денот на сесловенските просветители им беа врачени признанија од локалната самоуправа. Најголем дел од наградените ученици беа математичари.

Според него зад успехот на учениците стои и голем труд и вложување на нивните ментори, наставниците, кои исто така се заслужни за постигнатиот успех.
Генералната ценка за состојбите во просветата е позитивна со сите слабости што ги носи транзицијата, рече на одбележувањето на денот на просветните работници, Велјаноски. Неможе да се каже дека просветните работници во Македонија уживаат некаков статус, но 90% од нив работници максимално ја изврчуваат својата општествена функција во делот на воспитанието , смета Велјаноски. Тој изрази надеж дека со реформите кои се спроведуваат работите во просветата ќе тргнат на подобро. Според него образованието се движи во добра насока, но како што рече “се чувствува потреба од преиспитување на статусот на просветните работници“
Г. Момироски















