Членовите од охридското балетско студио „Ана Савиќ“ повторно меѓу најдобрите на меѓународни натпревари по танц. На неодамна одржаниот натпревар во Загреб, 10-годишната охриѓанка Теодора Милошевска, во категоријата класичен балет го освои четвртото место.

12-годишната Бојана Цветкоска, според освоените резултати, беше на одличното деветто место.

На меѓународниот танцов фестивал во Загреб учествуваа 12.000 натпреварувачи од 40 земји во светот.

OhridNews