Уметници и лица вработени во културни установи и институции од Охрид се приклучија кон протестот организиран за одбрана на културата од власта и нејзина партизација, а инициран од неодамнешните случувања во Театарот во Струмица.
Јавно ги поддржуваме колегите од Струмичкиот театар кои се соочија со проблем што се третира како административен недостаток, а за жал е нуспроизвод на нефункционалноста на институциите од кулурата при избор на лица што треба да застанат на чело на културните инситтуции и истите да ги менаџираат во вистински правец. Да се престане со поделби на културата на вледејачка или партија во опозиција. Културата е важен сегмент на општеството, а што секогаш им припаѓа на луѓето, изјави актерот Никола Тодороски.

Ова не е партиски ниту политички протест, ова не е групирање луѓе се цел да навредат одредени структури, туку наш глас што треба да се случшне, чуе и разбере. Имаме потреба од поддршка, пред се институционална, она што се подразбира како легислатива во културата, рече актерот од Охридскиот театар Стрезо Стаматовски.
За уметниците од Охрид најголем проблем е несоодветната кадровска политика во уметноста и културата, особено на раководните места, каде се поставуваат некомпетентни луѓе што работат според импровизирани програми.
Културата е специфична и не може економист менаџер да управува со културна институција. Тоа не е просто менаџирање на обврски за обезбедување материјални средства, туку тоа треба да е лице со сенс за култура, особено во театарот. Се соочуваме со многу лоши програмски и погрешни дејства внатре во институциите, а истовремено нема слух за лушето кои сакат да се приближат кон кутлурните институции, рече Стаматовски.

OhridNews
















