На донаторскиот хепенинг, што во организација на волонтери од Охрид се одржа во текот на вчерашниот ден во кафе бар Галерија во Охрид, се собраа повеќе од половина од потребните средства за транспорт на бездомното куче Роки кое ќе биде згрижено во Германија.

Со секој нарачан пијалак од 10 часот утротo па се до 23 часот, посетителите во кафе бар Галерија донираа средства за оваа цел. Поставен беше и штанд на кој се продаваа уметнички творби, исто така во донаторски цели.

-Превозот на кучето Роки до Германија чини 200 евра, но дополнителни средства се потребни за негово згрижување во пансион до септември, кога тоа треба да отпатува за да биде згрижено надвор од земјата.- вели волонтерката Анастасија Димзовска.

Зантересираните граѓани кои сакаат и имаат можност да помогнат можат да ги контактираат волонтерите на социјалните мрежи.

OhridNews