На оваа тема утре во регионот Мала Преспа, Република Албанија ќе се одржат консултации на експертско ниво.
– Утврдувањето на досегашниот степен на заштита во различни реони во самиот слив претставува база врз која треба можните економски и социјални конфликти да ги свртиме во наша корист при што рибарството да биде поддршка на заштитата на рибниот фонд, туристичкиот потенцијал да биде плус кон економското заздравување на регионот и еколошката заштита на природните ресурси да биде одбрана од урбана деградација. Сета оваа активност има за конечна цел да стигнеме до прогласување и на албанскиот дел на Охридското езеро под заштита на УНЕСКО и потоа валоризација на туристичкиот потенцијал на регионот. Мораме да направиме позитивен пресврт во односот кон природните ресурси, туризмот и кон економскиот просперитет и веќе се создава критична маса за тоа, изјави за Ohridnews, Дејан Пановски од Билатералниот комитет за заштита на Охридското Езеро, кој ќе ја претставува Македонија на утрешниот состанок во Мала Преспа.