Измамени граѓани од Охрид и Струга се новите оштетени во станбената измама со фиктивните станови, кои според полицијата  ги продавале фризерката Благица Дoнческа и нејзиниот татко, информираат од МВР, пренесува „Канал5“.

Како што пишува овој медум, охриѓанецот на инспекторите им објаснил дека на Дончевска и дал околу 100.000 евра, а на негово инсистирање, таа му вратила 40.000 евра. Стружаните на чија сметка легнале 146.000 евра одлучиле за сега да не се пријавуваат како оштетени.

Потрагата по недвижен имот на име на осомничените ја донела полицијата и до приколка во селото Љубаништa.

Инаку,  измамите со фиктивните станови кои ја потресоа Македонија, се искачија на 36 оштетени лица ширум земјава.

OhridNews