Нивото на Охридското Езеро денес пораснало за цели три сантиметри и моментално се наоѓа на 693,95 метри надморска височина. Тоа е за 20 сантиметри повеќе од максимално утврдената кота.
Овој езерски водостој е највисок во последните 20 години и е за два сантиметри поголем од водостојот кој бил евидентиран во 1986 година, кога нивото на езерото било 18 сантиметри повисоко од максималната кота.
Поради врнежите од дожд и топењето на снегот предизвикано од релативно високите температури за овој период од годината, не се исклучува можноста од натамошно покачување на нивото на Охридското Езеро.










