Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро се наоѓа на 693,18 метри надморска височина, што е еден сантиметар над законски утврдениот минимум (693,17 м.н.в.) и само осум сантиметри над природниот минимум (693,10 м.н.в.).

Нивото на Охридското Езеро се наоѓа на 693,18 метри надморска височина

Лошата хидролошка состојба беше причина за реакција на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков. Тој ја обвини власта дека не води грижа за Охридското Езеро

Власта на СДСМ предводена од Зоран Заев сè што фати во државата и исуши, па така и нивото на водата во Охридското Езеро кое за овој период е во алармантна состојба. Дали Охридското Езеро за СДСМ е вештачка акумулација, па да можат со ЕЛЕМ безмилосно да го празнат за производство на електрична енергија? Дали недостатокот на јаглен придонесува за ваквото поигрување со Охридското Езеро како да е вештачка акумулација? Градоначалникот Константин Георгиески да одговори што се случува со ниското ниво на водата во езерото? – праша Пецаков.

Кирил Пецаков

Пецаков ја прозва и неговата колешка пратеничка од СДСМ Жаклина Лазаревска зошто сега молчи за, како што рече, несовесното и неодговорно однесување кон Охридското Езеро.

Власта наместо како природен ресурс езерото го третира како акумулација за производство на електрична енергија. Лицемерно за личен профит го опустошија езерото, но затоа ја поскапеа струјата. Самото ниво на водата во Охридското Езеро е алармантно и е директна закана за растителниот и животинскиот свет во езерото.
Кој ќе понесе одговорност за негативните последици на растителниот и животинскиот свет? – дополни Пецаков.

Toj предупреди дека сите негативни последици по градот и езерото се противзаконски дела и побара од властите да реагираат веднаш, во спротивно ќе ја докажат нивната неспособност, додаде Пецаков.

OhridNews