Обилните врнежи во текот на изминатиот период поволно влијаеле на хидролошката состојба на Охридското Езеро и на вештачките акумулации што се користат за производство на електрична енергија.
Според податоците од Електрани на Македонија од почетокот на месецов, Охридското Езеро е на кота 693,46 метри. Ова ниво е 29 сантиметри над природната кота, која изнесува 693,17 или 36 сантиметри над минимално дозволената кота која изнесува 693,10 метри надморска височина.
Хидрометеролозите велат за еден месец нивото на езерото пораснало за околу 10 сантиметри, а врнежите од дожд придонеле и за значително зголемување на нивото на подземните води.
Инаку во месец март, минатата година, нивото на Охридското Езеро се искачи околу 20 сантиметри над максимално дозволената кота од 693,75 метри надморска височина.
OhridNews











