Охридското Езеро денеска беше порибено со 300 илјади парчиња подмладок на ендемичниот вид охридска пастрмка, обезбедни од вештачкиот мрест.


На порибувањето присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, кој истакна дека досега се реалзирани 30% од предвидените десет милиони денари за порибување на Охридското Езеро со пастрмка.

-За идната година се предвидени уште повеќе средства за вештачко порибување, но и за зајакнување на физичката заштита на охридската пастрмка, се со цел да се зголеми рибниот фонд на ендемскиот вид риба односно подигнување на бројот единки на охридската пострмка над биолошкиот оптимум, истакна Димовски.



Охридското Езеро порибено со 300.000 пастрмки

Ohridnews