Спортските риболовци членови на СРК „Свети Апостол Петар“ и „Рибарска Вистина“ се стават на располагање на Централната и Локалната власт, ако имаат потреба од дополнителна човечка сила за новонастанатата ситуација, односно за справување со високиот водостој.
– Рибарите добро ги познаваат терените на сите реки и мали притоки од сливното подрачје на Охридското Езеро а и самото езеро, а располагаат со високи чизми и кабаници кои се потребни за овие услови, вели претседателот на СРК „Св. Апострол Петар“, Радован Димитриески.
Според рибарите Охридското Езеро си има периоди на чистење, затоа, како што велат и останало со милиони години.
– Се што не е природно и неавтентично го отфрла а она што е негово си го зема. Првото излевање е кај Езерската полиција, според рибарите Охридското Езеро си ги бара белите дробови кои му се одземени, а тоа е Студенчишкото блато, истакнуваат спортските риболовци.










