Оваа година се навршуваат 35 години од основањето на Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“ во Мелбурн, Австралија.

Основано од нашинци кои патот кон подобра иднина ги однел во далечната Австралија, ова друштво низ годините постоење прерасна во вистински пример на солидарност и хуманост, за што сведочат стотиците вредни донации и акции реализирани во родната земја, како и големиот број донации во Охрид.

  • Ова социјално друштво со големо задоволство и одговорност го носи името на својот патрон Св. Наум Охридски и ќе продолжи со својата културно-хуманитарна активност за добробит и промоција на историските, културните и традиционални вредности и богатства на Охрид и Македонија. – изјави за OhridNews Васко Ангеловски од Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“.

Тој изрази благодарност на сегашните и членовите на поранешните управни одбори, како и на сите донатори и помагатели на активностите на друштвото,

За придонесот кон заедницата и татковината и делувањето, во 2015 година претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов на Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“ му врачи повелба.

Јубилејот 35 години постоење, Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“ , ќе го одбележи со гала свеченост на 30-ти јуни, во “Emerald Reception” во Мелбурн на која ќе настапат познатите фолк изведувачи Наум Петрески и Зуица Лазова придружени од Илија Тотески-Тота, познатиот виолинист од Охрид Џеват Рамаданоски и групата Легато.

OhridNews