На манифестацијата „Денови на македонската традиција“, што од денеска до 27 мај, ќе се одржи во познатиот ресторан „Ковач“ во Белград, Србија“, нашата земја ќе ја претставува познатиот готвач од Охрид, Шеф Влатко Ѓорѓиески.
Тој во наредните две недели на манифестацијата што ресторанот „Ковач“ заеднички ја организира со винаријата „Стоби“, ќе подготвува и презентира традиционални македонски јадења.
-Меѓу другото ќе го подготвувам и познатото охридско макало, ѓомлезе, ајвар, пинџур, тетовски грав, штипска пастрмајлија, охридски чомлек, турли тава и други македонски традиционални јадења. – изјави за OhridNews Шеф Влатко Ѓорѓиески.
Шеф Влатко Ѓорѓиески лево и Шеф Влатко Огненовски десно
Шеф Влатко Ѓорѓиески е добитник на повеќе награди и признанија на меѓународни гастрономски натпревари.
OhridNews













