Меѓу 16 најуспешни матуранти на натпреварот кој се оддржа по 23-ти пат за учениците од средните училишта и од основното образование, организиран од страна на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), се најде и охриѓанецот Александар Спасески од Гимназијата “Св. Климент Охридски”.

Бесплатната стипендија на Спасески му беше врачена од страна на деканот на ФИНКИ, д-р Димитар Трајанов.

Бесплатни стипендии за студирање на овој факултет добија уште 15 ученици од повеќе градови во Македонија.

OhridNews