Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 43-годишен охриѓанец.
– Тој, казненото дело го сторил на 16-ти минатиот месец во 20 часот и 30 минути во семејниот дом во Охрид со вербална расправија со неговата сопруга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Притоа, сега пријавениот и упатил сериозни закани и навредливи зборови по што започнал да ја влече и заедно со малолетните деца да ја брка од станот.
OhridNews












