Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “кражба”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28-годишен охриѓанец. Пријавениот, казненото дело го сторил  на 17-ти мај оваа година во дуќан за бижутерија на улицата „Св.Климент“.

Во дуќанот влегол околу 10 часот и 20  минути и користејќи згодна прилика, од женска ташна сопственост на вработената во дуќанот, оставена под касата во бирото, одзел паричник во кој имало 10.000 денари во различни апоени, 100 евра, лични документи од оштетената, по што веднаш избегал.  

На тој начин, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 20.000 денари.

OhridNews