Одделот за организиран криминал во соработка со Управата за јавни приходи откри група на правни и физички лица која во содејство извршила даночна проневера тешка 27,4 милиони денари, или 446 870 евра.

Државните институции поднесоа пет кривични пријави против 16 физички лица, од кои 14 се македонски, а двајца бугарски државјани, како и против пет фирми. Тие се товарат за даночно затајување, додека физичките лица се осомничени за соучесништво. Еден од осомничените е жител на Охрид.

Истрагата утврдила дека проневерата била извршена во периодот од 2005 до 2011 година, при што пријавените со лажни фактури, нереално прикажување на промет со искажан ДДВ и други нелегални дејства преку постоечки и фиктивни фирми незаконски се стекнале со поголема материјална корист и го оштетиле буџетот на државата за наведената сума.

OhridNews