
Според пријавата инцидентот се случил кога на пријавителот му биле побарани 1000 денари, а тој одбил да им даде, по што бил физички нападнат и му биле одземени 10.000 денари.
Со тешки телесни повреди: фрактура на нос, набиеници по главата и лицето, крвен подлив околу окото и рана на устата, нападнатиот најпрвин бил примен во охридската општа болница, од каде бил префрлен во специјалната болница Св. Еразмо.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, сопшти МВР.
OhridNews











