Поднесена е кривична пријава против 34-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. Пријавениот во продавница во струшкото село Плитишта, минатата година, пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 1000 денари.
Од преземени мерки било утврдено дека истиот пуштил во оптек повеќе банкноти во продавници во повеќе градови во државата.
OhridNews












