Охриѓанецот Мишко Талески  од 17 до 31 јануари ќе го искачува  врвот Ухуру Пеак на Килиманџаро, висок 5 896 метри надморска височина. Танески е дел од македонско-српската експедиција НАТУРАЛЛИМИТС предводена од Душан Матиќ која на 24-ти овој месец очекува  да се искачи на врвот.

„Се тргнува од Белград преку Лондон за Најроби. Искачувањето започнува од градот Моши и ќе се одвива пет дена, и доколку  времето не послужи, на 24 јануари треба да бидеме на врвот“, вели Танески.

37-годишниот охриѓанец со  планинарство се занимава три години и е член на планинарското друштво „Магаро“.

На 10 август минатата година, како дел од мешовитата македонско-српска експедиција успешно се искачи  на врвот Мон Блан на 4 810 метри надморска височина.
„План ми е да ги искачам сите седум светски највисоки врвови на седумте континенти“, открива Танески.

Ohridnews