Во македонската Амбасада во Вашингтон во пресрет на големиот Американски празник „ Ден на Благодарноста“ и во чест на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Македонија и САД, се одржа традиционалниот, четврти по ред настан „ Благодарност од Македонскиот Народ до Американскиот Народ“.

На настанот на кој присуствуваа претставници на Владата, дипломатскиот кор и македонската дијаспора во САД, свој целовечерен концерт имаше џез-музичарот Владимир Четкар кој беше придружуван од Марк Блеквуд на Бас гитара и Натаниел Грахам на Тапани.

Сакаме на овој начин да им изразиме благодарност на САД за нивната поддршка кон независноста на Македонија, изјави амбасадорот на Македонија во САД.“ – изјави Зоран Јолевски.

Меѓу гостите кои присуствуваа на овај настан беа повеќе претставници на сенатот и конгресот, бизнис заедницата и дипломатскиот кор меѓу кој и поранешните амбасадори на САД во Македонија Филип Рикер и Лоренс Батлер.

OhridNews