Петмина охриѓани беа дел од работната акција што се одржа во Краљево- Србија на која учествуваа 50 акцијаши од Словенија, Македонија и Србија. Тие десеттина дена работеа на уредувањето на речните корита, на санација на оштетените патишта и помагаа секаде каде нивната помош беше потребна по големите поплави кои ја зафатија Србија во мај годинава .

Во акцијата насловена “Краљево – Марибор 2014” учествуваа млади и стари акцијаши од трите републики од бивша Југославија кои покрај работата и дружењето ја обновуваа и заборавената традиција на одржување на работни акции кои беа многу популарни во екс Југославија, за потоа да прекинат во осумдесеттите години.

Во работната акција во Краљево учествуваше и охриѓанецот Зоран Стевоски кој учествувал на бројни младински акции низ бивша Југославија, а воедно е и претседател на  охридскиот акцијашки клуб  „Брег на младоста“, преку кој членовите на клубот  ја реафирмираа  идејата за акцијаштвото, со цел обединување на слични клубови од регионот.

OhridNews