Земјотрес со јачина од 3.8 степени според Рихтер е почувствуван утрово во Охрид и околината. Епицентарот бил во раседот помеѓу селата Косел, охридско, и Јанкоец, ресенско.
Силен земјотрес го потресе Охрид и пет минути на полноќ, чија магнитуда беше 4.1 степен според Рихтер. По него следеа два помали потреси со магнитуда од 2 степени и еден во 3 часот и 2 минути со магнитуда 3.
Вознемиреноста кај граѓаните е голема. Изминатата ноќ многумина решија да ја поминат на отворено, а се бројат и штетите на објектите кои засега се од помал обем и најчесто се работи за обрушувања на оџаци, доградби, оштетени балкони, ѕидови и слично. До Центарот за управување со кризи до сега пријавени биле штети на околу 200 објекти.
Тлото под Охрид се тресе 18-ти ден. Од 18 јуни до денес во охридскиот регион регистрираани се над 1000 земјотреси.
Г.М.












