Охриѓани имаат широка душа, големо срце и желба да помогнат. Дури и во најубавите моменти. Така ќе биде и на 29 мај во кафе Ликвид, каде во чест за 31-от роденден на Ивона Нединковска, нејзините пријатели организираат хуманитарна забава на која ќе настапат Анита Мицова со нејзиниот бенд и Бекдор бенд.

Собраните средства ќе се донираат на Јана Арсовска, најборбената, најведрата и најпозитивната личност што ја познаваме, велат организаторите. Таа во моментов се наоѓа а лекување во Фленсбург, Германија.

Хуманитарната забава започнува во 20 часот.

Сметка за донации:
530500010490410 Охридска Банка
Арсовска Јана
Матичен бр. 2212985435027

OhridNews