Охриѓани уште еднаш покажаа дека имаат хумано срце, чувство за солидарност и општествена одговорност. Љубители на класичната музика и добротвори, синоќа ја исполнија големата сала на општина Охрид на хуманитарниот концерт што го организираше Лајанс клубот „Лихнидос“ за помош на лица со посебни потреби.
Публиката уживаше во едночасовниот настап на учениците и професорите од ОМУ „Методи Патче“, кои несебично ја поддржаа хуманата акција на „Лихнидос“. Симпатиите на публиката ги освоија младите Анастасија и Марија Филоски, Мила Коруновска, Огнен Секулоски, Искра Атанасова – Митуш, Еда Шазиман, Даниел Мојсоски и Ивона Базгалоска, а силен аплауз добија и нивните професори Даниел Чуркоски и Емилија Маринова.
Организаторот им се заблагодари на сите помагатели и поддржувачи, најавувајќи дека ЛК „Лихнидос“ и натаму ќе продолжи да ја негува уметноста и да им помага на ранливите категории граѓани.
Вчера во 18:30 часот во ПС ГН Охридско Езеро било пријавено дека во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро, се превртело кану управувано од 57-годишно ли...
Системот за безбедност во сообраќајот „Safe city“ на територијата на СВР Охрид која ги опфаќа општините Кичево, Дебрца, Охрид, Струга, Вевчани, Дебар и Охрид стапува целосно во функција на 12 окто...
Денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер Максималната темпера...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.