На малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“, вечерва ќе одржи концерт вокалниот интерпретатор Луиза Мара Рустеми од Поградец, Република Албанија. Охридската публика ќе има можност да ги слушне познатите рефрени на песните ,,Mamma“, ,,Besamme muco”, ,,Mami blu”, ,,Виолина цигана” како и многу други композиции.

Концертот ќе започне во 19 часот, а влезот е слободен.

Како што истакна директорката на Центарот за култура, Драгана Боцевска, тенденција на центарот е да се интензивира соработката со пограничните градови во република Албанија со цел размена на уметници.Во идниот период предвиден е настап на хорот при центарот во Албанија, а во тек се и преговори за гостување на куклен театар од Албанија во Охрид.

OhridNews