Бројни возила стојат паркирани на тротоарите во непосредна близина на општинската зграда.

Сопствениците и покрај паркинг просторот, избрале да си го остават возилото на тротоар, воопшто не грижејќи се дека со тоа ги принудуваат пешаците да се движат по улица. 


Оваа слика се повторува речиси секојдневно, особено во текот на работните денови, но изгледа како надлежните тоа воопшто да не ги засега.

OhridNews