Годинава родителите куртулија од купување учебници, па главно прометот во книжарниците се прави од продажбата на школски прибор.


Продажбата пред почетокото на новата учебна година се одвива мирно и тивко, вели Станка Димоска од книжарницата „Просвета’.

– Главно се купува школски прибор, тетратки , моливи и пенакала, чија цена се движи од 15 до 50 денари во зависност од производителот. Чантите се движат од 400 до 650 денари во зависнот дали се анатомски, па нагоре. Во овој период охриѓани во зависнот од возрста на децата купаат дрвени или водни боички и слично, додава Димоска.


Охриѓани навалија на школски прибор

Новата школска година започнува утре кога учениците ќе го добијат распоредот на часови за учебната 2009/10 година. Тие годинава ќе добијат бесплатни учебници, освен учениците од четврто и седмо одделение,  за кои учебниците ќе доцнат. Учениците имаат обврска да ги чуваат учебниците кои догодина ќе и бидат предадени на следната генерација. Оштетените учебници ќе се наплаќаат од џебот на родителите. Во јавноста деновиве проструи информација дека новите бесплатни учебници се со слаб квалитет и дека тие брзо ќе се оштетат. Поради тоа дел од родителите се одлучуваат да им купат учебници на своите деца.

Ohridnews