
Исто така на локалниот пат од Сирула кон Вапила запрено е товарно моторно возило „Застава фургон“ со охридски регистарски таблици во кое биле две лица од Охрид. На приколката од товарното возило забележани се исечени четири просторни метри огревно буково дрво за кое не поседувале соодветна документација и дрвата не биле жигосани. Двете возила, огревното дрво како и останатите пронајдени предмети се одземени и со записник предадени на овластени службени лица од шумската полиција, по што ќе следува соодветна пријава.
OhridNews











