Охридскиот гејминг тим “ENTITY“ победи на регионалниот турнир во Белрaд, „KODE 5“, во видео играта  “COUNTER -STRIKE“, со што изборија право на настап во главното финале што ќе се одржи во Москва на 9-ти и 10-ти мај оваа година.


Охриѓани победија на регионалниот турнир во “COUNTER -STRIKE“ во Белград

Во финалето “ENTITY“  со 2:0 го совлада босанскиот тим „eu4ia“. Триумфот во Белград на охридските гејмери се смета за најголем успех што го постигнала некоја екипа од Македонија

Тимот “ENTITY“ од Охрид кој ќе го претставува македонскиот гејмиг во Русија го сочинуваат:

1.    Александар “helius” Киселинов
2.    Јован “KaLaN” Каланоски
3.    Ангел “eRRor” Грозданоски
4.    Ѓоко “aIm1ghty” Лабоски
5.    Алтај “rdn” Реџеп
 
Браво дечки!

Ohridnews