Техничкиот организатор, ПК „Охридски Бранови“ е подготвен за одржување на најголемата спортска манифестација во Македонија, Охридскиот пливачки маратон. Охриѓани што поскоро ги очекуваат средствата кои во зависност од бројот на натпреварувачи ќе им бидат распределни. Годиниве наназад мака мачеа да ги добијат парите на време, па сега се надеваат дека сега се ќе биде ОК пред старот. Од клубот велат дека се остварени контакти со релевантините институции во државата
– По остварените контакти со кабинетот на преседателот кој е генерален покоровител на маратонот ветени ни се средства со кои работите ќе поминат тековно без проблеми. Ние како клуб немаме проблем со ПФМ, но проблемот се средствата или фондот со кој располага федерацијата која нон стоп е во дефицит – вели Кочо Паскали, првиот човек на техничкиот дел на организацијата.
Подготовките за маратонот треба да се одвиваат во текот на целата година, а не на начинот на кој работите кај нас се решаваат. Сите поголеми компании кои ги спознорираат ваквите големи манифестации своите маркетиншки планови ги прават една година од напред, додека ние редовно каскаме со понудите. Охриѓани на ја избришале од главата идејата за комлетна префрлување на организацијата на маратонот во Охрид, но во моментов тоа е невозможно.
– Идејата за комплетната организација на Охридскиот маратон на охриѓани сеуште постои, но тоа е прашање за ФИНА. Во минатото некој се дрзна да прати допис дека Охрид нема капацитет за тоа, па тие пак знаејќи не и познавајќи се, одлучуваат да работат само со матичните пливачки федерации – истакна Паскали
Градот Охрид во зависност од можностите редовно излегувал во пресрет, остварена е средба со охридскиот градоначалник на која е ветено дека градот ќе помогне во делот на организацијата на маратонот.
Уживам да трчам во Охрид и да се натпреварувам на „Охрид трчаТ“, без оглед на конкуренцијата Охрид е посебен, си го сакам и со задоволство доаѓам тука, изјави за Охридњуз победникот на полумаратоно...
Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски триумфираше на полумаратонот на 10-то јубилејно издание на „Охрид трчаТ“ што се одржа денеска низ улиците на Охрид Тој патеката од 21 километар ја ми...
Охрид викендов е во знакот на трчањето и спортот Јубилејното 10-то издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ привлече повеќе од 2700 учесници од над 30 држави Организаторите оценуваат дека станува...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.