По повод 22 април, Денот на планетата Земја, Црвен крст Охрид со своите волонтери од програмата „Грижа за стари лица”, организира дефиле со едукативен карактер, низ улиците на Охрид. Целта на дефилето е подигнување на свеста и свртување на вниманието на јавноста кон бројните еколошки проблеми во светот и кај нас.
Меѓугенерацискиот настан ги испрати хуманите и еколошки пораки од бројните волонтери од програмата „Грижа за стари лица“, млади волонтери од Клубот на млади и најмладите волонтери од Браинобраин програмата од Црвен крст Охрид кои продефилираа на модна ревија со модели изработени од пластични кеси и со пораки за заштита на животната средина од загадувањето што го предизвикува пластиката.
OhridNews


















