По подолго време Охрид и спортската арена Билјанини Извори . ќе бидат домаќини на кошаркаската куп завршница. На т.н “саем на кошарката“ ќе продефилираат 16 екипи, 8 во машка, 4 во женска и 4 младински клуба.
– Направивме напори да остане купот во Охрид, потпишавме договор со КФМ и ние ќе бидеме само логистика на федерацијата за што подобро организиран куп – турнир – вели директорот на ЈП „Билјани Извори“ Иван Цветкоски.
Финалниот турнир ќе биде увертира за кошаркарски богатата сезона во Охрид. Покрај куп и плеј оф натпреварите на клупско ниво , Охрид и Билјанини ќе бидат домаќини и на ЕП “Б“ дивизија за кошаркарки до 20 години, а во Август сениорскиот “Трофеј Македонија“ на кој ќе учествуваат Македонија, Полска , Србија и Русија ќе се игра во Охрид.
– Очекувам подобра посетеност од онаа на Европското ракометно првенство. Се надевам дека салата ќе биде исполнета до последното место со што ќе се покажеме како добри домаќини. Цената на дневниот билет за следење на три натпревари ќе биде 100 денари – информираат од Јавното.
Честа на охриѓани ќе ја бранат Амак СП во машка односно Билјана 006 во женска конкуренција.Амак СП во среда од 20.30 ќе игра против Мзт Скопје, додека Билјана 006 во четврток од 15 часот ќе игра против Младинец.
Ракометарите на Охрид во рамки на 2-то коло на Супер лигата вечерва ја пречекуваат екипата на Струга Подготвени сме, ќе го дадеме максимумот да ја постигнеме првата победа во оваа сезона во домашно...
Ракометарите на Охрид во рамки на 2-то коло на Супер лигата во сабота, 12 септември, ја пречекуваат екипата на Струга Играме против Струга, нов и добро избалансиран тим со искусни играчи Ние сме фа...
Од 5 до 8 септември во Струга се одржува седмото издание на Меѓународниот младински шаховски фестивал „Езерска кралица“, во организација на Младинската шаховска школа „Струга“, под менторство на Ѓо...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.