Повеќе од десет лица  од Скопје и од други градови низ Македонија меѓу кои Прилеп и Охрид се уапсени во полициска акција, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.

Лицата се сомничат дека се дел од криминална група која се занимавала со компјутерски криминал и вршела кривични дела надвор од Македонија и соработувала со лица од други држави.

Според првичните информации на полицијата, уапсените изработувале фалсификувани картички, краделе пари од терминали. Неофицијално при претресите во домовите кај еден или двајца биле пронајдени и скимери, читачи за податоци, што упатува на тоа дека лицата можно е да краделе пари и во Македонија.

Од Полицијата детали за акцијата се најавуваат за во текот на утрешниот ден.

OhridNews
Makfaks